Актуелниот светски шампион во Формула 1, Макс Верстапен, го освои првото место на денешниот спринт возен во рамките на Големата награда на Австрија.
Спринтот го одреди стартниот редослед на утрешната главна трка на австриското Гран при.
Пласман на првите десет:
Макс Верстапен (Ред Бул) – 26:30.059 минути (23 круга)
Шарл Леклер (Ферари) +1,675 секунди
Карлос Сајнц (Ферари) +5.644
Џорџ Расел (Мерцедес) +13.429
Серхио Перез (Ред Бул) +18.302
Естебан Окон (Алпин) +31.032
Кевин Магнусен (Хаас) +34.539
Луис Хамилтон (Мерцедес) +35.447
Мик Шумахер (Хаас) +37,163
Валтери Ботас (Алфа Ромео) +37,557.
Главната трка за Големата награда на Австрија на патеката „Ред Бул Ринг“ ќе с евози утре со почеток во 15 часот.