Попладнево на социјалните мрежи ја видов најавата на утрешната емисија “Срце на дланка” на Алфа телевизија во која е споделена сторија за Медијан, младо момче од населбата Хиподром. За жал Медијан има тешка животна приказна.

Драгица жената која го земала од државата и го одгледала починала и денес тој живее во лоши услови, без струја и е невработен.

Веднаш по информирањето од сторијата, преку моите соработници во општината направив контакт со другар на младиот Мете и ги поканив да дојдат во општината во понеделник во 12 часот.

Превземам обврска пред се како човек, а потоа и како градоначалник на општина Гази Баба да му помогнам на Мете да има основни услови за живот.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/07/2022 01:27