Македонската женска тениска репрезентација е поразена од Португалија со 2:1 денес во финалето на Били Џин Кинг купот.

Португалките по оваа победа изборија пласман во Втората евро-африкасна зона, додека Македонките остануваат во третата зона.

На терените на ТК Југ, Португалија поведе со 1:0 со победата на Матилга Жорге над Магдалена Стоилковска со 7:6 и 6:3.

Следуваше убедлив настап на Лина Ѓорческа на мечот со Франциска Жорге и победа во два сета (6:1 и 6:1) за изедначување на 1:1.

Севкупниот победник беше решен по мечот во двојки кој им припадна на португалските тенисерки со 2:1 , по сетови 6:4, 4:6 и 6:4



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2022 03:33