Новак Ѓоковиќ ја коментираше победата на Вимблдон. Титулата ја освои четврти пат по ред и вкупно седма.

– Не можам да опишам што значи овој трофеј за мене, мојот тим и семејството. Многупати сум кажал дека Вимблдон секогаш ќе биде најспецијалниот турнир за мене. Токму овој Грен слем ме инспирираше да почнам да играм тенис во мало планинско одморалиште каде моите родители имаа ресторан. Имав четири и пол години кога го видов Пит Сампрас како го освои својот прв Вимблдон во 1992 година. И ги замолив моите родители да ми купат рекет. Мојата прва слика за тенисот е трева. И секогаш сонував да дојдам овде и само да играм на овој терен. А потоа, секако, да го оствариме детскиот сон и да го освоиме овој трофеј. Секоја победа е се повредна и посебна за мене. Тоа е огромна среќа, истакна српскиот тенисер.

Новак Ѓоковиќ ја освои 21-та Грен слем титула и го мина Роџер Федерер (Швајцарија) кој остана на 20. Најмногу има Шпанецот Рафаел Надал – 22.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2022 03:33