Без вода денеска ќе останат дел од корисниците лоцирани на улицата „Козле“ во општина Карпош.
Како што соопшти Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на противпожарен хидрант на улицата „Козле“ во близина на амбулантата.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато се додека не се санира дефектот.