Мекларен ги истражува опциите доколку Даниел Рикардо замине на крајот на 2022 година. Договорот на Австралиецот е со важност до крајот на 2023 година, но сезоната е крајно неуспешна за него.

Според „Би-би-си“, Мекларен истражува кој да го замени Рикиардо доколку реши да го напушти тимот на крајот на оваа година. Меѓу претендентите се возачот на Вилијамс, Алекс Албон и четирикратниот шампион во Формула 1, Себастијан Фетел од Астон Мартин.

Фетел тврдеше дека се уште не одлучил дали ќе ја продолжи кариерата – тоа ќе зависи од перспективите на британскиот тим. Себастијан има намера да се бори за високи позиции, што во моментов е невозможно со оглед на брзината на болидот. Договорот на Фетел со Астон Мартин истекува на крајот на годината.

Претходно, во врска со можна транзиција во Мекларен, беа споменати возачите од Индикар серијата, Пато О’Вард и Колтон Херта (последниот врши тестови на болидот Ф-1 од 2021 година и е под договор со Андрети до крајот на 2023 година), како и резервистот на Алпин, Оскар Пјастри.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2022 14:05