Прекин во водоснабдување утре од 9 часот ќе имаат корисниците од улиците „Иван Козаров“, „Вера Јоциќ“, „Боте Боцевски“, „Тоне Томшиќ“, „Доситеј Обрадовиќ“, „Георги Димитров“ и „Христо Татарчев“ во Кисела Вода.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради изведување на водоводен приклучок ф-200 мм на ул.„Иван Козаров“ бр.22.

Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2022 23:56