„Спејс-Икс“ долго време се подготвува за првиот орбитален пробен лет на вселенско летало „Старшип“, но тој битен настан би можел повторно да биде одложен.

„Супертешкиот“ „Супер хеви бустер 7“ засилувач дизајниран за програмата „Старшип“ експлодираше во објектот на „Спејс-Икс“ во Бока Чика, Тексас, САД, а снимка од инцидентот се појави и на интернет. „Бустер 7“ содржи 33 „Раптор“ мотори од втората верзија. Извршниот директор на компанијата, Илон Маск потврди дека ситуацијата не е добра, а неговиот тим ја проценува штетата.

– „Раптор“ има сложена секвенца на стартување. Во иднина, нема да правиме тест за стартување со центрифугирање со сите 33 мотори одеднаш, изјави Маск.

Маск минатиот месец рече дека „Старшип“ ќе биде подготвен да лета во јули, но овој инцидент веројатно ќе ги одложи плановите. Потребно е да се изврши анализа и проценка на штетата, а потоа да се утврди дали и во колкава мера тоа ќе влијае на првиот орбитален лет.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/07/2022 09:42