Раководството на Вимблдон е подготвено и следната година да им забрани настап на руските и белоруските тенисери и тенисерки на грен-слем турнирот во Лондон, објавија денеска британските медиуми.

Лондонскиот весник „Дејли мејл“ пишува дека конечната одлука треба да биде донесена во март идната година, но оти организаторите на Вимблдон се подготвени да ја повторат овогодишната забрана, доколку војната во Украина и натаму трае.

Годинешното издание на Вимблдон не се бодување за рангирањето на АТП и ВТА, но, според „Дејли мејл“ организаторите се подготвени повторно да платат казна поради едностраната забрана.

Организаторите на лондонскиот грен-слем се раководат и од тоа дека Меѓународниот олимписки комитет, наводно, е блиску до одлука да им забрани на руските спортисти настап на Игрите 2024 во Париз.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/07/2022 15:06