Штабот за заштита и спасување на општина Илинден денеска ја одржа првата седница со која раководеше командантот, градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, а покрај членовите од Штабот присуствуваа и претставници од јавните претпријатија од Општината како и претставници од ТАВ, ОКТА и ПО Петровец.

На првата редовна седница според дневниот ред беа претставени членовите од Штабот за заштита и спасување, се разговараше за состојбата на каналската мрежа на подрачјето на општина Илинден со цел заштита од поплави, Општинскиот Противпожарен Сојуз Илинден информираше за состојбата со пожари на подрачјето на општината. На оваа седница се дадоа и препораки за спречување на настанување и за отстранување на последиците од природни непогоди и други несреќи.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/07/2022 12:40