Американскиот град Јуџин од утре до 25 јули ќе биде домаќин на Светското атлетско првенство на кое единствен македонски претставник ќе биде маратонката Адријана Поп Арсова.

Маратонската трка во женска конкуренција е на програмата на 18 јули со почеток во 15:15 по македонско време.

Поп Арсова треба да се појави на стартот во конкуренција на 48 маратонки.

На Светското првенство во Јуџин ќе настапат вкупно 1.900 атлетичари од 190 држави.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/07/2022 04:40