По скандалот кој денес ја потресе јавноста разрешен е вршителот на должност директор на Скопската зоолошка градина Кристијан Стаменов известуваат од Град Скопје и се оградуваат од индивидуално превземените дејствија на директорот.

Културна, образовна и научна се основните дејности на ЗОО Скопје, а нејзина основна цел е да ги чува, одгледува и презентира живите експонати и истите да ги направи достапни за пошироката јавност. Личната одлука превземена од страна на директорот не соодветствува со основните заложби за хумано чување и одгледување на животни и за истото мора директорот да понесе одговорност, поради што истиот се разрешува.

Претходно, медиумите информираа дека во последниве два дена во Зоолошката градина во Скопје усмртени биле повеќе од 10 коњи и мазги, за да им бидат дадени како храна на месојадните животни.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/07/2022 05:22