Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски изврши увид во градежните активности за асфалтирање на локални улици во населеното место Јурумлери.

За посетата Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

Продолжува градежната офанзива во општина Гази Баба.

Асфалтирана улица 11 во населено место Јурумлери.

Денес направив увид во градежните работи за асфалтирање на улица 11 во населеното место Јурумлери.

Улицата е во должина од околу 400 метри

Со денешните активности продолжува акцијата за асфалтирање на голем број на локални улици низ општина Гази Баба.

Изминатиот период асфалтиравме локални улици во Ченто, Кирил Петрушевски, Инџиково и денес во Јурумлери. Во деновите што следат ќе се асфалтираат улици и во останатите населени места. Инвестициите во патна инфраструктура за оваа година изнесуваат 50.000.000 денари средства од буџетот на општина Гази Баба.

Гази Баба го живее новото време.

Време во кое се реализираат проекти! - напиша Стефковски.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/07/2022 05:24