Во Europe House – Скопје денеска ќе бидат презентрани планираните активности во рамки на проектот „Заедници инклузивни за млади“ финансиран од Европска комисија.

Проектот ќе го презентираат Националниот младински совет на Македонија заедно со партнерите на проектот Фондација за локален развој на заедницата – Штип, СФЕРА Интернешнал – Битола и Youth Empowerment Platform – Гостивар.

На прес-конференција ќе бидат презентирани активностите и можностите кои проектот ги нуди, а имаат за цел да ги ангажираат младинските граѓански организации да обезбедат поддршка на своите локални заедници, да ги искористат постојните механизми за учество во локалните политики и процесите на донесување одлуки кои се однесуваат на нивните потреби и потребите на нивните конституенти.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/07/2022 09:13