Организаторите на летните Олимписки игри 2028 во Лос Анџелес го одредија датумот за одржување на најголемиот спортски настан, објавувајќи дека американскиот град ќе им биде домаќин на светските спортисти од 14 до 30 јули.

Церемонијата на свеченото отворање ќе се одржи на 14 јули на „SoFi“ стадионот во Лос Анџелес, а градот ќе биде домаќин и на Параолимписките игри 2028, чие отворање е закажано за 15 август.

– Утврдувањето на датумот на одржување на Игрите сега на Лос Анџелес му дава цврст рок до кој ќе мора да биде подготвен за најголемиот спортски настан, изјави на прес-конференција извршната директорка на Меѓународниот олимписки комитет, Никол Ховертц

Лос Анџелес претходно два пати беше домаќин на Летните Олимписки игри, во 1932 и 1984 година.

Следната летната Олимпијада ќе се одржи во 2024 година во Париз.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/07/2022 15:58