Без вода денеска од 10:00 часот се корисниците од улиците „Франце Прешерн“ и „Влае“ во населба Влае во Општина Карпош.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекинот е поради поврзување на нова водоводна мрежа на ул.„Франце Прешерн“ бб.
Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.