Од денеска започнува јавната анкета за двата Детални урбанистички плана – Градска четврт ЦС 14 – Кале и СРЦ Кале и Градска четврт ЦС 01-Француски гробишта, Тетовска трошарина и Парк 2 на Општина Центар.
Предлог-Деталните урбанистички планови ќе бидат изложени во читалната „Славко Јаневски“ на улица „Димитрие Чуповски“ бр.23, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот од 20.07.2022 до 16.09.2022 година. Во овој временски интервал граѓаните до Одделението за планирање во Општина Центар ќе можат да поднесуваат анкетни листови со забелешки и предлози во врска со предложените планови.
Поради летниот период, за завршување на јавната анкета е даден рок од 40 работни дена, во кој граѓаните ќе можат да ги доставуваат анкетните листови.
Јавните презентации по предложените Детални урбанистички планови Градска четврт ЦС 14-Кале и СРЦ Кале и Градска четврт ЦС 01-Француски гробишта, Тетовска трошарина и Парк 2 ќе се одржи во Музејот на современа уметност, на на 29.08.2022 година.