Надлежните министерства да дадат препораки за заштита на работниците по најавите дека целата територија на државата ќе биде зафатена од силен топлотен бран и високи температури, побара претседателката на Здружението „Гласен Текстилец”-Штип, Кристина Ампева.
–Предлагаме да дадат препорака за ослободување од работните обврски или да се организира работното време на најранливите групи на населението, како што се: бремените жени, лицата на возраст над 60 години, хронично болните. За градежните работници и сите други работници коишто работат на отворен простор да се организира работното време со цел за заштита од директна сончева изложеност на работниците, вели Ампева.
Постетува дека работодавачите треба да го заштитат здравјето на вработените, а Државниот инспекторат за труд да внимава на почитување на законските прописи од областа на безбедноста и здравјето при работа.