Поранешната најдобра светска тенисерка Венус Вилијамс (42) по пауза од речиси една година најави дека се враќа на теренот за натпреварите во сингл.
Според најавите, Венус идниот месец ќе настапи на ВТА турнирот во Торонто, закажан од 6 до 15 август, на кој ќе настапи и нејзината две години помлада сестра Серена.
Својот последен натпревар во поединечна конкуренција 42-годишна Венус го имаше во август 2021 година, а во двојки се појави истата година на Вимблдон.
Венус Вилијамс во кариерата има освоено 49 турнири, од кои седум грен – слем титули.