Ја подобруваме спортската и рекреативната инфраструктура на територија на општина Аеродром, до крајот на првата година од мандатот следат многу капитални инвестиции.
Денеска заедно со претседателот Мицкоски сме во посета на нов спортски терен на територија на општина Аеродром. Се работи за една од тековните инвестиции на општината, оваа конкретна инвестиција е нешто над 3 милиони денари.
Најсовремена спортска подлога, нов голови, нов простор за трибини и ова е само еден од низата проекти кои се во насока на подобрување на спортската и рекреативната инфраструктура на територија на општина Аеродром.
Спортскиот терен позади нас го носи името на прерано починатиот Никола Христовски Кољо, едно младо момче кое што живеел во една од соседните згради.
Сметаме дека оваа инвестиција ќе биде во интерес на организирање на повеќе спортски турнири, на зачувување на тој спортски дух којшто е сериозна симболика и одлика на општина Аеродром и во таа насока следниот период, односно до завршување на првата година од мојот мандат како градоначалник на општина Аеродром, во соработка со советот работиме на реализација на огромен број на ваков тип на проекти, но и на други капитални инвестиции кои се надевам дека во следниот период со ваша поддршка ќе може на јавноста да и ги презентираме.