По налог на Град Скопје екипи на ЈП Паркови и зеленило деновиве вршат санација на клупите во централното градско подрачје.
Екипите вршат фарбање и по потреба ги прицврстуваат клупите поставени во централното градско подрачје, како и на кејот на Вардар на горната и долната патека, информираат од ЈП Паркови и зеленило.
Исто така, додаваат од јавното претпријатие, во текот на наредната недела на скалите на кејот пред Камениот мост ќе бидат поставени комплетно нови талпи за седење. Воедно, од ЈП Паркови и зеленило апелираат да не се оштетува урбаната опрема поставена во корист на сите граѓани.