Започнаа градежните активности за изградба на седум нови игралишта на територија на општина Гази Баба.

Пет игралишта ќе се изградат со современа тартан подлога, а две со подлога на вештачка трева.

За почетокот на градежните активности, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на која напиша:

Започнаа градежните работи за изградба на пет игралишта со тартан подлога и две игралишта со вештачка трева.

Онака како што најавив пред неколку дена во тек се градежните работи за изградба на седум игралишта.

Пет игралишта се со најсовремена тартан подлога и ќе се изградат во Колонија, Кирил Петрушевски, Гоце Делчев, Триангла и Керамидница.

Две игралишта се со подлога од вештачка трева и ќе се изградат во Стајковци и Страчинци.

Реализацијата на проекти продолжува насекаде низ општина Гази Баба.

Новото време носи и нови проекти! - напиша Стефковски



Автор: Администратор
Објавено на: 22/07/2022 12:03