Дел од корисниците лоцирани на потегот од крстосницата со улицата „Франклин Рузвелт“ до булеаврот „8 Септември“ утре од 9 часот ќе имаат прекин во водоснабдувањето.

Како што информира РЦУК-Скопје, прекинот е поради уличен дефект ф-400 мм на булевар „Илинден“ 97.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување со санација на дефектот.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/07/2022 22:57