Екипите на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ Скопје деновиве спроведуваат акција за косење на зеленилото на кејот на Вардар со која интензивно се уредува вегетацијата, во координација и по налог на Град Скопје.

-Акцијата започна во Ново Лисиче на потег од мостот Близнак до ЈП „Лајка“. Теренските екипи неделава работат на косење на неуредените тревни површини, кастрење на гранки, сечење избојци и чистење на површините. Екипите со соодветна механизација работат и на косење и уредување на дивоизраснатата вегетација на овој простор – информираат од ЈП „Паркови и зеленило“.

Истовремено, во рамките на оваа акција се работи и од левата страна на Вардар, каде што се врши уредување на зеленилото на потегот од вливот на Лепенец во Вардар до мостот на булеварот „8 Септември“.

-Оваа акција е дел од вонредните работни активности на ЈП „Паркови и зеленило“. Во заедничка соработка со Градот Скопје посветено и редовно ги одржуваме јавните зелени површини во градот во корист на посетителите и за целите на рекреација на граѓаните на кејот на Вардар, велат од јавното градско претпријатие.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/07/2022 23:25