Завршницата на Светското атлетско првенство во американскиот град Јуџин донесе нов рекорд во дисциплината скок со стап, откако фантастичниот 22-годишен Швеѓанец Арманд Дуплантис го освои златниот медал со прескокнати 6.21 метри.

Со тоа Дуплантис го освои единственото златно одличје кое му недостасуваше во кариерата, по титулите олимписки и европски првак.

Дуплантис го обезбеди златниот медал прескокнувајќи шест метри, по што постави рекорд на светските првенства, прескокнувајќи 6.06 метри. На крајот за еден сантиметар го подобри и светскиот рекорд, кој самиот го постави во март годинава на Светското првенство во сала во Белград.

– Бев навистина многу исцрпен и затоа сум среќен што успеав да го соборам рекордот. Навистина го ценам овој резултат. Ова беше фантастично, сакам да настапувам во Јуџин, изјави Дуплантис.

– Не размислував за рекордот, бев концентриран на победата. Толку многу го посакував златото. Тој медал ми недостасуваше, додаде светскиот рекордер во скок со стап.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/07/2022 10:31