Такси превозот за жителите на главниот град, од „втора мајка“ сепак поскапе. Покрај поскапувањето новитет е и тоа што во Скопје се воведуваат три тарифи, за разлика од сега кога се возеше со една тарифа 24/7.
Советот на Град Скопје по денешната 15 седница ја усвои одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за авто-такси превоз на патници на подрачјето на градот Скопје. Според новата одлука, компаниите ќе можат да изберат меѓу три тарифи за превоз на патниците.
Од Град Скопје за информираат дека тарифите за вршење на авто-такси превоз во рамките на подрачјето на градот Скопје како и кон друга општина се утврдуваат со пресметување на цената на превозот во рамките на три тарифи. Секоја тарифа за пресметување на цената на превозот опфаќа износи за старт (почеток) на превоз, за секој изминат километар и за чекање во место (за еден час).
Тарифа 1: Старт на превоз – 40 денари, за секој изминат километар – 25 денари и за чекање во место 1 час – 300 денари;
Тарифа 2: Старт на превоз – 50 денари, за секој изминат километар – 30 денари и за чекање во место 1 час – 420 денари;
Тарифа 3: Старт на превоз – 60 денари, за секој изминат километар – 35 денари и за чекање во место 1 час – 480 денари.
Одлуката влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен гласник на Град Скопје“.