На денешната седница на Советот на Град Скопје повлечена е од дневен ред точката за формирање на Агенција за обезбедување.

Секретарот на Град Скопје, Ѓоко Велковски побара да се повлече оваа точка од дневниот ред заради доработка.

Агенцијата за обезбедување треба да ја формира Град Скопје со цел да се обезбедуваат објектите кои се под надлежност на Градот.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/07/2022 15:34