Минаа повеќе од 15 години од крајот на хумористичната серија „Луди ’70-ти“ (That ’70’s Show), но Нетфликс има добри вести за обожавателите – се снима продолжението под наслов „Луди ’90-ти“ (That ’90’s Show). Дел од старите глумци ќе се појават како епизодни улоги.
– Беше навистина носталгично да бидам на таа сцена… Истите луѓе, сите што го направија „Луди ’70-ти“ – тоа беше „прилично бизарно“, изјави Ештон Кучер.
Во новото шоу „Луди ’90-ти“, ќе глуми и украинско-американската глумица Мила Кунис, која му беше девојка на Кучер во оригиналната серија, а денес се сопружници во вистинскиот живот. Тој даде и неколку охрабрувачки зборови за новата екипа.
– Навистина беше смешно. Новата актерска екипа е феноменална!, изјави тој.
„Луди ’90-ти“ Ја следи ќерката на Ерик (Тофер Грејс) и Дона (Лора Препон), – Леја Форман (ја глуми Кали Хаверда) која ги посетува нејзините баба и дедо налето. Куртвуд Смит и Дебора Џо Руп се враќаат од оригиналната екипа – како Ред и Кити. Серијата, сместена во 1995 година, ќе ја следи новата генерација на Поинт Плејс, па ги вклучува и новодојдените Ешли Ауфдерхајд, Мејс Коронел, Максвел Аси Донован, Рејн Дој и Сем Морелос.
Освен Кучер и Кунис, како „гости-ѕвезди“ ќе се појават и Грејс, Препон и Вилмер Валдерама. Датумите за прикажување сѐ уште не се соопштени.