По повод одбележувањето на националниот празник на македонскиот народ и Денот на Општина Илинден „Илинден 2-ри Август“, во Домот на култура „Илинден”се одржа традиционалната крводарителска акција.

Драгоцената течност што живот значи ја даруваа голем број крводарители, а жителите на Општина Илинден уште еднаш ја покажаа хуманоста и солидарноста на дело преку дарувањето на крв да спасат нечиј живот.

Секоја дадена капка од оваа драгоцена течност некому многу значи. Крвта е незаменлив лек, секојдневно потребна за да се продолжат многу животи. Потврда за успешноста на крводарителската акција е и податокот што таа се одржува во летниот период кога поголемиот дел од граѓаните користат годишни одмори.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/07/2022 15:51