Без вода денеска ќе бидат дел од корисниците од улица „53″ во Волково и од улица „1″ кај Чуприја, село Батинци.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, прекинот во Волково е поради уличен дефект на водоводна мрежа Ф-80 мм на улица „53″, а во Батинци има дефект на приклучна цевка на улица „1″.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до санирање на дефектите.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/07/2022 10:55