Американската компанија „Мета“ првпат од основањето соопшти за пад на приходите, што веднаш по објавувањето на податоците резултираше со поевтинување на акциите на компанијата за околу 1,4 отсто.

Приходите на компанијата што остварува добивка воглавно преку рекламирање, во вториот квартал на годинава опаднале на 28,8 милијарди долари, што е помалку за еден процент од 29,1 милијарди долари остварени за истиот период лани.

Од почетокот на април до крајот на јуни „Мета” објави профит од 6,69 милијарди долари или 2,46 долари по акција, што е пад од 36 отсто во однос на истиот период минатата година (10,39 милијарди долари или 3,61 долари по акција).

Првиот пад на приходите за компанијата што ги поседува социјалните мрежи „Фејсбук” и „Инстаграм” доаѓа во услови на очекувана рецесија, а притисок има и поради зајакнувањето на доларот оттаму што продажбата на реклами во странски валути генерира помал приход во долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/07/2022 18:07