Поради дефект на приклучна цевка, без вода денеска ќе бидат корисниците на бул. „Трета македонска бригада“ (три згради на „Голден арт“), како и фирмите ЖТП влеча-железници, Скопски пазар и Сомболед во општина Аеродром, соопштија од јавното претпријатие „Водовод и канализација“.
Прекинот во водоснабудувањето ќе биде од 10:00 часот до санација на дефектот.