Американската Национална воздушно-вселенска администрација – НАСА е доста задоволна од својот вселенски хеликоптер „Генијалност“ (Ingenuity), така што ќе изгради уште два – за следните специјални мисии за Марс.

НАСА направи промени во својата програма за праќање примероци од Марс, дизајнирана да пренесе делови од карпи од „Црвената Планета“, собрани од роверот „Упорност“, на Земјата. Наместо да го испрати „Семпл феч“ роверот, како што беше првично планирано, програмата ќе го користи „Упорност“ и ќе испрати два вселенски хеликоптера „Генијалност“ како поддршка.

НАСА и Европската вселенска агенција (ЕСА) работат заедно на Програмата веќе неколку години. Првичната намера беше да се испрати „Семпл феч“ на ЕСА, да земе примероци и да ги пренесе до ракета, којашто ќе ги пренесе до зацртан орбитер. Но, затоа НАСА ќе мораше да користи посебни, нови приземјувачи.

Вселенскиот хеликоптер „Генијалност“ го направи својот прв пробен лет во април 2021 година. НАСА не очекуваше многу од него, бидејќи требаше само да се докаже дека е возможен лет до Марс. Следеа 29 успешни лета и леталото е сè уште функционално. Успехот на вселенскиот хеликоптер ѝ даде на НАСА уште еден начин да ги собере примероците што требаше да ги собира „Упорност“.

Орбитерот за враќање на Земјата и приземјувачот за собирање земјени примероци ќе бидат лансирани есента 2027 година и летото 2028 година, соодветно. Патувањето до Марс ќе трае со години, па примероците не се очекува да пристигнат на Земјата пред 2033 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/07/2022 14:18