Четири лица се ранети во експлозија на граната на стадион за крикет во Кабул за време на натпревар од домашното првенство, соопшти синоќа авганистанскиот Комитет за крикет (ACB).
– За време на натпревар од Шпагеза лигата се случи експлозија, а четири цивили во публиката се ранети, изјави изврпниот директор на ACB, Насиб Кан.
Истиот извор наведе дека персоналот и играчите биле на безбедно место во време на инцидентот.
Крикетот е исклучително популарен спорт во Авганистан, а националната репрезентација и натаму постигнува добри резултати на меѓународната сцена и покрај ограничените ресурси и нестабилната состојба во државата.