Дефанзивецот на англискиот фудбалски првак Манчестер сити, Ејмерик Лапорт (28), го оперираше коленото и ќе отсуствува од теренот неколку месеци.

Лапорт поради повреда ја пропушти претсезонската турнеја на Сити во САД и натпреварите против Клуб Америка и Баерн Минхен.

– Лапорт е повреден и беше опериран, засега се чувствува добро, изјави тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола пред денешниот натпревар за трофејот во „Комјунити Шилд“ против Ливерпул.

– Мораме да бидеме внимателни, бидејќи станува збор за неговото колено. Доколку сè биде во ред, ќе почне со тренинзи во септември, додаде Гвардиола.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/07/2022 03:48