Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски на својата официјална страна на фејсбук информираше дека продолжила акцијата за асфалтирање на локални улици со асфалтирање на улица 4 во населеното место Јурумлери.
Во објавата на фејсбук, градоначалникот Стефковски напиша:
После 30 години жителите на улица 4 во Јурумлери повеќе нема да газат во кал.
Акцијата за асфалтирање на локални улици продолжи денес со асфалтирање на улица 4 во Јурумлери. Изминатите денови се асфалтираа локални улици во повеќе населени места и истото ќе продолжи и во следните денови.
Новото време за нашата Гази Баба преставува концепт на работа со визија, програма и план кои значат реализација на проекти во сите населени места. - напиша Стефковски