Австралиските пливачки на Игрите на Комонвелтот во англискиот град Бирмингем со соборија светскиот рекорд во штафетата 4×200 слободен стил.

Медисон Вилсон, Киа Мелвертон, Моли О‘ Калахан и Ариарн Титмус ја испливаа патеката со време од 7:39, 29 минути.

Со тоа го соборија досегашниот светски рекорд кој го поставија кинеските пливачки (7:40. 33) на Олимписките игри во Токио.

Зад Австралија се пласираше Канада, додека бронзата ја освои домаќинот Англија.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/08/2022 13:24