Четвртиот ден од шаховската Олимпијада во Индија донесе порази на македонските селекции во машка и женска конкуренција.

Машката репрезентација загуби од Чешка со 0.5 – 3.5, а половина поен обезбеди искусниот Звонко Станојоски кој на првата табла ремизираше со Давид Навара.

Женската репрезентација играше со Турција, и иако Ивана Манова на првата табла и Леа Ефтовска на третата табла пружија одличен отпор и изиграа борбено до пред самиот крај, сепак конечниот резултат беше пораз на македонската репрезентација од 0:4.

Денеска машката репрезентација игра против репрезентацијата на Велс, а женската репрезентација против репрезентацијата на Тајланд.

По четири кола во машка категорија во водство е репрезентацијата на Индија 2, додека македонските шахисти се на делба на 89 место.

Во женска конкуренција во водство е репрезентацијата на Азербејџан, додека македонската репрезентација е на 103 место.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/08/2022 10:53