На предлог на Министерството за финансии, министрите ја разгледаа и усвоија Информацијата за нацрт-концептот на даночни реформи, согласно Стратегијата за реформа на даночниот систем (2021-2025).

Стратегијата ги утврдува главните цели на даночните реформи, а кои се однесуваат на обезбедување праведен, ефикасен, транспарентен и современ даночен систем кој ќе се темели на современи дигитални технологии и иновации во оданочувањето, во функција на постигнување на забрзан, инклузивен и одржлив економски раст.

Во рамки на Стратегијата, дефинирани се пет приоритети за креаторите на даночната политика и органите кои ги администрираат јавните приходи, и тоа: поголема праведност во оданочувањето; поголема ефикасност и ефективност на даночниот систем за подобра наплата на приходите; зголемена даночна транспарентност; подобар квалитет на услугите, и воведување на еколошко („зелено“) оданочување.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2022 03:41