Во спортската сала „Војвода Ѓорѓи Стојанов“ во Крушево од денеска до 6. август ќе се одржи меморијалниот турнир во одбојка „Бранко Хаџи Иљоски – Чајка”.

Овој турнир е 46-ти по ред, а ќе учествуваат македонската младинска и сениорската репрезентација и ќе гостуваат репрезентативните одбојкарки од Косово и од Босна и Херцеговина.

Првиот натпревар е денеска од 17:30 часот помеѓу Косово и Босна и Хереговина. Љубителите на одбојката ќе може да проследуваат по два натпревари: од 17:30 и од 20 часот во наредниве три дена.

Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски, ова лето Крушево е центар на одбојката.

-Цело лето во Крушево е присутна женската репрезентација од повеќе категории, на подготовки беа неколку одбојкарски тимови, а еве сега ќе се одржи и меѓународен турнир. Спортската сала и Крушево повторно прераснуваат во места за подготовки на спортистите, вели Христоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2022 09:12