Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ известуваат дека денеска поради дефект на приклучна цевка на улица „14/9“ во Радишани, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа улица и дел од улица „Бутелска“ (краковите од 2 до 14).
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:45 часот до завршување со санација на дефектот.