Главниот лик на „Вовед во анатомија“ (Grey’s Anatomy), Елен Помпео, односно хирургот д-р Мередит Греј во медицинската драма во ударниот термин на „Еј-би-ес“, ќе го намали времето на екранот во претстојната 19-та сезона, бидејќи ќе работи на нов проект за стрим-сервисот „Хулу“.

Таа ќе глуми во осум епизоди, како што беше соопштено вчера. Сепак, таа и натаму, со својот глас ќе ја раскажува секоја епизода и ќе служи како извршен продуцент. Не е сѐ уште јасно колку вкупно епизоди ќе има новата сезона, а ни дали тоа ќе биде крајот на серијата.

Шоуто создадено од Шонда Рајмс, беше премиерно прикажано во 2005 година, и сè уште останува најдобрата серија според сценариото на „Еј-би-ес“, а има и неколку одграноци, како што се „Приватна пракса“ и „Станица 19“, во кои Помпео исто така гостуваше.

Во финалето на сезоната 18, Мередит одлучи да остане во болницата „Греј Слоун меморијал“ како привремен шеф на хирургија наместо да се пресели во Минесота.

Според наводите, Помпео ќе глуми и во серија од осум епизоди за „Хулу“, сестрински сервис на „Еј-би-ес“. Новиот проект носи работен наслов „Untitled Orphan Project“. Таа ѝ се приклучила на екипата претходно ова лето, објави „Дедлајн“.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2022 13:20