На барање на жителите, Општина Центар денеска започна со поставување на нова атмосферска канализација на крак од улицата „Никола Тримпаре“. Вкупната должина на канализацијата изнесува 40 метри, а се поставуваат и нови сливници.
Како што информираат општинските власти, со новата атмосферска канализација ќе се регулира излевањето на атмосферските води и жителите ќе можат слободно да се движат по реконструираната патека.
Покрај оваа реконструкција, која ќе биде завршена идната недела, во моментов Општина Центар ги реконструира улиците „Петар Поп Арсов“ и „Козара“, а следни за реконструкција се улиците „Рајко Жинзифов“, „Адвокатска улица“ и пробивањето на улицата „Партизанска“.