Нигерискиот фудбалски репрезентативец Адемола Лукман (24) ги напушти редовите на Лајпциг и потпиша четиригодишен договор со Аталанта, објави денеска италијанскиот прволигаш од Бергамо.

Аталанта за услугите на 24-годишниот крилен играч ќе му плати на неговиот поранешен клуб обесштетување од 15 милиони евра, како и дополнителни бонуси.

Лукман, кој може да игра на двете крила, како и во нападот, изминатата сезона беше позајмен на Лестер, каде на 42 натпревари постигна осум голови со пет асистенции.

– Лукман е многу брз, вешт во дриблингот и длабоко во нападот, способен да покрие повеќе позиции во офанзивата, соопшти Аталанта.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/08/2022 12:10