Португалскиот новинар Педро Сепулведа денеска ја објави изненадувачката вест дека авионот на Рубен Аморим за Лондон на 22 април го платил Челси.

Тогаш беше објавено дека тренерот на Спортинг Лисабон, кој се уште се поврзуваше со Ливерпул, пристигнал во англиската престолнина за да ја слушне понудата од Вест Хем. Сепак, Сепулведа тврди дека тоа не е точно и Аморим всушност се сретнал со членовите на бордот на директори на Челси.

Португалскиот новинар додава дека Маурисио Покетино ќе ги напушти лондончани по крајот на сезоната.

Мет Лоу од „Дејли телеграф“ пак информира дека Челси категорично ја демантира оваа информација.

Во меѓувреме, Флорент Плетенберг од „Скај Германија“ инсистира дека Аморим останува на врвот на потесниот круг на Вест Хем



Автор: Администратор
Објавено на: 01/05/2024 06:01