Велосипедистка Анита Величковска од Куманово освои прво место во женска категорија на меѓународен велосипедски маратон, кој се одржа викендов во Република Србија.

Таа се натпреваруваше на деветтиот велосипедски маратон „Три стране Копаоника“. На маратонот учествуваа над 400 велосипедисти. Кумановката Величковска настапи на патеката „Јела“ долга 33,5 километри, со над 1.000 метри надморска височина и го освои првото место во женска категорија, со време од 2 часа и 11 минути.

– Тренирам во скопскиот клуб „Оксижен“, веќе осум години, досега сум учествувала на повеќе државни и светски натпревари. На светското првенство во Полска освоив 30 место. Планирам до крајот на годината да учествувам на повеќе првенства во државата и странство. Интензивно се подготвувам и тренирам од три до шест часа дневно, изјави Величковска.

Маратонот на Копаоник во Србија е познат спортски настан, со долга традиција, каде покрај велосипедисти, се собираат и љубителите на планински велосипедизмот и планинско трчањето.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/08/2022 12:44