Денес започна целосната реконструкција и саницаја на крак на улицата 3 во населеното место Визбегово.
Кракот на улица 3 во должина од 160 метри за прв пат ќе добие асфалт по машинското гребење и поставување на нов тампон. Ќе се постават и сливници на соодветни места со што ќе се надмине проблемот со поплавување на домовите при обилни дождови.
Градежнто лето се одвива со силна динамика. Запазени се сите рокови и ветувањата кон граѓаните.
Продолжуваме во останатите населени места кои што се опфатени со првата фаза. Еднаков и рамномерен развој на сите населени места.