Осумкратниот светски шампион во џиу-џицу Леандро Ло е убиен за време на забава во клуб во Сао Паоло. Тамошните медиуми јавија дека 33-годишниот спортист бил застрелан од воениот полицаец Енрике Отавио Оливеира Велосо.

Убиецот на Ло веќе е приведен.

Според пријателот на Ло, Велосо отишол до нивното друштво, зел шише со алкохол од масата и почнал да мавта со него. Спортистот го спречил Велосо во намерата да ги повреди и му рекол да си оди. Полицаецот потоа извадил пиштол и го застрелал Ло во главата.

Спортистот бил пренесен во болница, каде неколку часа подоцна му била констатирана мозочна смрт.

Ло осум пати беше светски шампион и освои пет светски купа.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/08/2022 09:49