Без вода денеска ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улиците „Св. Прохор Пчињски”, „Максут Садик” и „Стојко Јовановски”.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, прекинот е поради уличен дефект на улицата „Св. Прохор Пчињски” без број.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување со санација на дефектот.