Поради уличен дефект ф-150 мм на улица „Банско” 4, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Банско”, „Баница” и дел од „Востаничка”.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација” – Скопје водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Поради уличен дефект ф-63 мм на ул. „Речиште” 38, прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците од улиците „Речиште”, „Сердарот”, „Партизански Пат” и дел од „Јустинијан Први”. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.